Uhudler 2023
Во период од 26-29 октомври 2023 г., на покана на Австриски Црвен крст, во рамки на нивната национална симулациска вежба „Uhudler 2023“, во својство на набљудувачи учество зедоа и двајца преставници на ЦКРСМ-Црвен крст на град Скопје.
Во иста улога присуствуваа и преставници на ЦК Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија.
На вежбата, на која учестуваа над 400 волонтери од сите региони на Австриски Црвен крст, преку симулација на неколку сценарија (повредени во тунел, повредени на концерт, повредени на аеродром, напад во училиште, труење со отрови) ја демонстрираа својата подготвеност во делот на ПП.
Целта на вежбата е кординиран одговор во кризни ситуации и е добра можност да се види внатрешното единство на едно национално друшто како и соработката со другите институции во системот.