УЧИЛИШНА СЛУЖБА НА ЦРВЕН КРСТ ЗА ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА
Црвениот Крст на град Скопје во соработка со Германскиот Црвен Крст, а во директна имплементација со 5-те Општински Организации на Црвен крст (Карпош, Чаир, Кисела вода, Центар и Гази баба) започна со реализација на уште еден проект од областа на Здравствено-превентивна дејност и Прва помош насловен кака УЧИЛИШНА СЛУЖБА НА ЦРВЕН КРСТ ЗА ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА.
Проектот има за цел: Обезбедување на правилна и навремена превенција на полето прва помош, зависности од наркотици и алкохолизам и безбедност во сообраќајот.
Во рамките на проектот избрани се 20 училишта од Скопје и тоа 10 основни и 10 средни училишта. Во секое училиште ќе се опреми просторија со компјутер и фантом за вежбање вештачко дишење и реанимација како и материјали за уредување на истата (постери и пропагандни брошури за едукација). Секој заинтересиран ученик во едно училиште кој/а е на возраст до 14 години за (ОУ) или до 18 години за (СУ) може да е Член на училишната служба, односно член на клубот. Се планира едукација на професори и ученици по Прва помош кои понатаму активно ќе се вклучат во традиционалните натпревари кои ги организира Црвениот крст. Покрај ова училишната служба отвара можност за сите млади луѓе, своето слободно време да го поминуваат во општествено-корисни активности изготвувајќи мали проекти за добробит на заедница.