УЧИЛИШЕН КЛУБ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА
Црвениот крст на град Скопје го отвора вториот Училишен клуб за едукација и превенција во СУГС „Шаип Јусуф“, во новото средно училиште во општината Шуто Орзиари. На 3.03.2017 година беше потпишан и Договорот за соработка помеѓу двете институции.
Идејата за Клубови во основните и средни училишта беше иницирана во 2010 година со поддршка и соработка на Германски црвен крст. Со тоа, ова ќе биде 21-от Клуб во кој Црвениот крст ќе мобилизира повеќе волонтери и ќе организира многубројни активности со учениците и од ова училиште. На тој начин, само уште повеќе ќе се продлабочи соработката помеѓу Црвениот крст и СУГС „Шаип Јусуф“ која веќе постои и надвор од рамки на Клубот.
Училишните клубови се дел од програмата на Град Скопје за активности во социјалната, детската и здравствената заштита. Со реализирање на активности преку Црвениот крст, младата личност се развива, едуцира и стекнува зајакнати вештини. Најголемиот број на волонтери кои се активни во клубовите се регрутираат токму од училиштата како поле на кое младите ја покажуваат својата хуманост и општествена одговорност како зрели личности.