Пребарувај по датум:
2018-02-21

Учество во вежба организирана од ЦК Телемарк-Норвешка

Во период од 15-18 Февруари , четричлена екипа од Црвениот крст на град Скопје –Тим за спасување на планина, зеде учество на вежба во Норвешка организирана од страна на Црвен крст Телемарк  и Норвешката полиција.
Вежбата се одвиваше во планински предел  со примарна цел  пребарување и спасување на лица од Лавини.
На две симулациони точки преку ангажирање на Единиците за пребарување и спасување на ЦК заедно со Полициските сили  поддржани од  дресирани кучиња, најпрвин се вршеше лоцирање ( пребарување на теренот со сите расположливи средства) и укажување на Прва помош  на повредените. Дел од нив беа евакуирани со хеликоптери на Полиција и Крајбрежна гарда.
Екипата на Црвениот крст на град Скопје  зеде активно учество во подготовките на вежбата и како дополнителна  екипа  на  First Responders.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.