2025-11-19
Учество на Втората меѓународна конференција за нега и помош во домот, Брчко
Претставници на Црвениот крст на град Скопје учествуваа на Втората меѓународна конференција за нега и помош во домот, која се одржа на 13 ноември во Брчко, БиХ, во организација на Црвениот крст на Брчко дистрикт и Црвениот крст на Тузла.
Конференцијата ги собра националните друштва и експерти од регионот за да дискутираат за предизвиците и развојот на услугите за поддршка на старите лица во заедницата.
Настанот овозможи размена на добри практики и јакнење на регионалната соработка, со цел унапредување на квалитетот на услугите за ранливите категории граѓани.
