Учество на регионална конференција
На регионалната конференција за родова еднаквост при намалување на ризикот од катастрофи, како ученик на една од панел дискусиите се вклучи Сузана Т. Пауновска – секретар на Црвен крст на град Скопје.
Осврнувајќи се на прашањето и примерите за социјално мапирање, споделено беше искуство за намалување на ризикот од катастрофи во нашата заедница и каква улога имаат жените во таа сфера. Тргнувајќи од досегашното искуство со мигрантските прашања и процесот на локална интеграција, како и климатските промени како ризик фактор, претставена беше клучната улогата на жените и позитивни примери од нашиот локален контекст.
Конференцијата беше одлична можност да се споделат, но и да се слушнат позитивните искуства од регионот, како и да се засилат напорите за адвокативност и лобирање за женските права пред релевантните институции во државата.