Пребарувај по датум:
2024-03-26

Учество на меѓународна вежба

Во периодот од 18 до 22 март во с.Кучково беше организирана меѓународна теренска вежба на тема „ Гаснење планински пожари “ од страна на Европската комисија и Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Учесниците кои земаа учество во проектот за теренската вежба беа од Република Србија, Република Црна Гора, Република Словенија, Република Турција, Република Албанија, Република Косово и Република С.Македонија. Црвениот крст на Град Скопје – Тимот за одговор при катастрофи исто така беше дел од вежбата со поддршка на тимовите на терен, но исто така зема и активно учество во дел од сценаријата за санирање на повредите на повредените лица и нивно згрижување и понатамошно предавање на тимовите на ИМП. Преку организирање на вакви вежби се прикажува заедничката подготвеност меѓу земјите за запирање на натамошното ширење на пожарите и намалување на последиците од пожарите, како и помош и згрижување на повредени лица на терен.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.