Пребарувај по датум:
2022-04-12

Учество на меѓународен семинар на тема „Миграции и превенција од трговија со луѓе“

По покана од Црвен крст Србија, двајца наши волонтери во период од 08 – 10. 04 2022 год. учествуваа на  меѓународен семинар на тема „Миграции и превенција од трговија со луѓе“. Истиот се реализираше во Белград, Р. Србија. Семинарот ги опфати областите миграции и трговијата со луѓе, но истовремено беше оставен простор и за размена на искуства и можност за понатамошна заедничка соработка.  Во работниот дел, акцент беше ставен на темите “Ранливост низ мигрантската рута”, “Луѓе во движење”, “Превенција на трговија со луѓе”.

Во рамки на семинарот презентирана беше работата на Црвен крст на РСМ во областа поддршка на бегалци и мигранти како и делот на Трговија со луѓе, со акцент на превенцијата како наша област на дејствување.

Крајната цел на овој семинар беше заедничко интерактивно осмислување на идеи со кои понатаму би имало можност за меѓудржавна соработка и одбележување на темите „Миграции и Трговија со луѓе“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.