2017-02-07
Твининг програма со Телемарк- Норвешка
Претставници на Црвен крст на град Скопје во периодот од 24 до 28 јануари престојуваа во градот Скиен кој се наоѓа во областа Телемарк, Норвешка. Посетата доаѓа како резултат на претходно остварена средба на нивни претставници во Црвен крст на град Скопје, а која резултираше со иницијатива на збратимување на двете организации преку твининг програма. На средбата во Норвешка се официјализираше соработка и се изготви план за заеднички активности за период 2017-2020 година и тоа во областите млади, социјално хуманитарна дејност и подготвеност и дејствување при катастрофи.
{gallery}stories/pocetna-img/norveska{/gallery}