Пребарувај по датум:
2024-04-19

Црвен крст на град Скопје на Вториот меѓународен симпозиум за традиционална кинеска медицина

На 17 април, во просториите на Универзитетот Скопје, се одржа вториот меѓународен Симпозиум за традиционална кинеска медицина и акупунктура во организација на Здружение за традиционална кинеска медицина и акупунктура „Tong De Tang TCM”, на кој Црвениот крст на град Скопје доби посебно признание за поддршка на настанот.

На Симпозиумот беа презентирани активностите на социјалниот сервис „Дневен престој за стари лица за активно стареење “ во доменот на развој на Чи конг вештината за лицата во трето доба.  Истовремено, г. Роже Доан Ван Хај тренер по Чи конг вежби, објасни што претстауваат овие вежби и колку лицата во трето доба имаа продобивка со вежбање на истите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.