Тркалезна маса за имплементација на проектот за поддршка на лица со оштетен вид
Во организација на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, УСАИД, Интернационалната фондација Лајонс Клуб и Универзитетот на Југоисточна Европа, на ден 25.02.2019, во просториите на Клубот на органите на државната управа, се одржа тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за превземање и продолжување на имплементација на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид во Република Северна Македонија. На состанокот покрај обраќањето на министрите и претставниците на овие институции, посебно обраќање кон присутните изрази Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Г-дин Џес Бејли. Во текот на состанокот, претставник од Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, проф. Д-р. Шпетим Љатифи одржа презентација на постигнатите резултати од имплементацијата на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид во Република Северна Македонија, во изминатите 5 години. Покрај останатите директни учесници во целиот процес, активно учество зедоа претставници на Црвен крст на град Скопје, како имплементирачки партнер на Универзитетот на Југоисточна Европа, во функионирањето и работата на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Корисник на Центарот за поддршка исто така имаше свое излагање во однос презентирање на своето лично искуство како корисник на Центарот за поддршка и споделување на својата животна приказна. Состанокот се заокружи со панел дискусија – изнесување на позитивни искуства на директните корисници на проектот, предизвици со кои се соочуваат имплементаторите и дефинирање на идни активности.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.