Пребарувај по датум:
2013-06-10

Трета ЦКА-ПХВ финална работилница

Заврши и третата, а воедно и последната за овој циклус, финална ПХВ работилница.

Истата се случи викендот од 7 до 9 јуни, во центарот Солферино во Струга, во присуство на 48 младинци од целата земја, 4 нивни одговорни дисеминатори и 10 гости.

И овој пат во прекрасна атмосвера младинците од различно етничко, верско, социјално и географско потекло, работеа заедно и учеа за културата како систем од вредности, за комуникацијата, за тимот и тимската работа.

Користејки ја својата креативност тие изработуваа филм во кој ја доловија атмосверата на работилницата, флаер со нивнте впечатоци, драма за културата како систем од вредности со наслов Погодете кој доаѓа на вечера, невербална драма во која го опишаа своето учество и активности во текот на целиот циклус, подотвуваа кратки рекламни скечеви со кои ги промовираа вредностите и активностите на Црвениот крст, танцуваа, рецитираа и пееја на различни јазици, и сето тоа под мотото Препознавање на различностите.

Со ова тие направија подготовка за она што сите заедно ќе го подготвуваме за Неделата на Промоција на хумани вредности од 21 до 27 септември, кога во сите ООЦК младинците кои зедоа учество во овој циклус, поддржани од своите дисеминатори, заедно ќе изработуваат по едно такво големо ПХВ шоу под мотото препознавање на различностите.

Оваа година имплементирањето на ПХВ програмата е овозможено со грант на Цивика Мобилитас имплементирана од страна на ЦИРа, а финансиски поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.