Пребарувај по датум:
2018-11-14

Тренинг/обука “Проценка и логистика” на Тимот за одговор при катастрофи

Во периодот од 09-11 ноември во Солферино, Струга се одржа тренинг/обуката Проценка и логистика на Тимот за одговор при катастрофи. На истата учествуваа вкупно 39 волонтери, дел од нив веќе членови во Tимот, но и нови волонтери. На обуката се поминаа базичните теоретски и практични предавања согласно насоките на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина кои еден Тим за одговор при катастрофи треба да ги поседува во рамки на Националното друштво. Покрај теоретскиот дел, во рамки на практичниот дел имаше и запознавање и практично користење на опремата на ТОК и ЦКРМ како дел од примарната обврска на тимот. Обуката се реализираше со цел зајакнување и зголемување на постоечките капацитети на Тимот за одговор при катастрофи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.