Траснформација 28
На 9 март се одржа работна средба на дел од стручната служба и дел од членовите на Раководен одбор на Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје. Фокус на средбата беше 5-годишната развојна рамка на Националното друштво наречена “Трансформација 28”. Преку работа во групи присутните ги истакнаа силните страни на организацијата како и предизвиците со кои треба да се соочиме во наредниот период и нештата кои треба да се унапредат и подобрат преку целиот процес.
„Трасформација 28“ е замислена како сет од промени за кои ќе се залага НД во наредните 5 години. Во периодот се спроведуваат консултативни средби на ниво на град Скопје и ООЦК со вработените, волонтерите, членовите на РО. Следната фаза се исти такви процеси со партнерски организации и институции што би довело до развој, развивање на нови услуги, поставување на приоритети на работењето, развивање на дополнителни услуги кон целни групи и многу други нешта.