2024-11-08
Традиционална крводарителска акција во соработка со Американска амбасада
На 07 ноември во просториите на Американската амбасада се одржа традиционалната крводарителска и собирна акција. Истата се организираше со поддршка на Општинската организација на Црвен крст Чаир и во соработка со Институтот на Трансфузиона медицина. 130 крводарители даруваа крв и ја покажаа својата хуманост, солидарност и поддршка во заедницата. Со позитивен пример, како дарители на акцијата се вклучија и волонтерите на Црвен крст. Се собра и храна која ќе биде спакувана во триесетина пакети и истата ќе биде дистрибуирана за лица во ризик за време на студениот бран.
Голема благодарност до волонтерите, дарителите и донаторите за поддршката која ја дадоа за успешна реализација на акцијата!