ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЖБА СО ФРАНЦУСКА АМБАСАДА
Црвениот крст на град Скопје заедно со Амбасадата на Република Франција во РМ традиционално, по 5-ти пат одржуваат заедничка вежба со цел дејстување и координација на двата субјекта.
Согласно однапред подготвеното сценарио, вежбата имаше за цел лоцирање и укажување на Прва помош на француски граѓани, кои ја напуштиле територијата на Грција и се упатиле кон Македонија, а нивните партнери Црвен крст на град Скопје организираа прифатен камп сместен во дворот на Француска амбасада.
Покрај учеството на волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи и француските преставници на вежбата зедоа учество и волотерите од Клубот на млади кои симулират повредени и испаничени граѓани.
Сите повредени беа згрижени во импровизираниот тријажен центар на Црвениот крст, а потешките случаеви беа транспортирани до Ургентен центар.