Традиционална крводарителска акција по повод 13 Ноември
Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември преку препознатливото обележје во нашиот град на овој ден- организирање на крводарителската акција.
Истата се реализираше на споменатиот датум (петок, 13.11), во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз и на истата крв даруваа 27 лица. Акцијата се реализираше со почитување на сите пропишани протоколи за заштита и самозаштита на дарителите и сите оние кои се вклучени во организација на процесот.
Во услови на пандемија, дарувањето крв е исклучително важен чин на солидарност и хуманост кон оние на кои им е потребна крв и крвни продукти.