Пребарувај по датум:
2014-12-01

Традиционална крводарителска акција по повод 13 Ноември

На 13 Ноември, кога нашиот град одбележува 70 години од ослободувањето, Црвен крст на град Скопје традиционално се вклучува во одбележувањето на денот преку организирање на крводарителската акција.

Истата се реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз со поддршка на волонтерите од клуб 25 и младите од ООЦК Карпош. На акцијата крв даруваа 60 дарители. Во склоп на самата акција, Црвен крст на град Скопје додели награди и признанија за најуспешни крводарители, фирми/компании, образовни институции и сл. kои дале нaјголем придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на градСкопје. Оваа година наградени беа: Мирко Инчевски (ООЦК Центар)Крводарител со најголем број евидентирани крводарувања (за 2013 година) Јованка Муратовска (ООЦК Гази Баба)Крводарителка со најголем број евидентирани крводарувања (за 2013 година) Валентина Иванова (ООЦК Центар) Мотиватор на полето промоција и унапредување на крводарителството во 2013 година а.д. Факом (ООЦК Гази Баба)Работна организација со постигнати најдобри резултати на полето крводарителство во 2013 година СУГС Васил Антевски Дрен (ООЦК Кисела Вода)Образовна институција со постигнати најдобри резултати на полето крводарителство во 2013 година Јовица Какиевски (ООЦК Кисела Вода)Најуспешен млад крводарител со најмногу евидентирани крводарувања во текот на 2013 година Горан Велковски (клуб 25)Постигнати резултати на полето промоција и унапредување на крводарителството во град Скопје за 2013 година Деан Стојковски(клуб на крводарители)Постигнати резултати на полето промоција и унапредување на крводарителството во град Скопје за 2013 година

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.