Пребарувај по датум:
2012-11-14

Традиционална крводарителска акција 13 Ноември

Црвен крст на град Скопје, тредиционално по повод Денот на ослободување на градот Скопје организира крводарителска акција 13 Ноември.

Крводарителската акција се одржа во просториите на Дом на АРМ од 09-17 часот.
По повод овој ден, Црвен крст на град Скопје со цел промоција и унапредуванје на крводарителството доделува и признанија за најуспешните на полето крводарителство во текот на 2011 год.
Крводарителската акција ја посети и Генералниот Секретар на ЦКРМ г-дин Саит Саити кој ги поздрави присутните и воедни и ги додели наградите за најуспешните на полето крводарителство.
Наградени беа следните:
1. Најдобар мотиватор – Љубинко Ристов (ООЦК Карпош),
2. Најдобар крводарител со над 100 крводарувања – Ивица Цветановски (ЈСП, ООЦК Г.Баба)
3. Најдобра крводарителка со над 50 крводарувања – Пандора Тренковска ( ООЦК К.Вода)
4. Најдобар млад крводарител до 25 годишна возраст – Александар Јовевски ( ООЦК К.Вода)
5. Најдобра образовна институција – СУГС Зеф Љуш Марку (ООЦК Чаир)
6. Најдобра работна организација – Т-Мобиле (ООЦК Центар)
7. Најуспешна ООЦК во реализација на планот за 2011 год. – ООЦК Центар
8. Најуспешна ООЦК за во реализација на планот јануари-октомври 2012 год. – ООЦК Карпош

Во текот на крводарителската акција својата хуманост ја покажаа 88 крводарители дарувајки од нивната драгоцена течност-крв со цел да се спаси нечиј живот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.