Пребарувај по датум:
2015-11-17

Традиционална 13-то Ноемвриска крводарителска акција

Црвен крст на град Скопје традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември преку препознатливото обележје во нашиот град на овој ден- крводарителската акција.

Истата се реализираше на споменатиот датум (петок, 13.11), во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје. На акцијата крв даруваа 40 дарители.

 Во склоп на самата акција, Црвен крст на град Скопје додели признанија за најуспешни крводарители, фирми/компании, образовни институции и сл. кои дале најголем придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.

Оваа година наградени беа:

  •  г. Томче Симјаноски (ООЦК Кисела Вода) крводарител со најголем број евидентирани дарувања
  •  АФПЗРР (ООЦК Кисела Вода) работна организација со остварени најдобри резултати
  •  Кристијан Алексовски (ООЦК Центар) млади крводарител со најголем број евидентирани дарувања
  •  г-ѓа Љубица Матовска (ООЦК Центар) крводарителка со најголем број евидентирани дарувања
  •  Факултет за ветеринарни науки (ООЦК Гази баба) високо образовна институција со најдобри резултати
  •  г. Радослав Јованов (ООЦК Карпош) мотиватор
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.