Пребарувај по датум:
2014-02-16

ТРАДИЦИОНАЛЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЉУБОВНИ НОТИ 6

Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје во соработка со ДМУБЦ И.Н.Луј и годинава по шести пат го реализираа хуманитарниот концерт под наслов Љубовни ноти 6.

Концертот се одржа на 13.02.2014 год. во големата сала на ДМУБЦ И.Н.Луј. На концертот настапија учениците од училиштето кои го збогатија настанот со традиционални македонски староградски изведи, македонски евергрини и изведби на популарни љубовни нумери Концертот е хуманитарен, а сите сите оние кои беа присутни на настанот донираа во поставените касички со знакот на Црвен крст или преку купување на рачни изработки на волонтерите на клубот на млади и старите лица кои ги посетуваат Дневните центри за стари лица во Скопје. Собраните средства ќе се наменат за детското катче и децата кои се на лекување во ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ за обезбедување боенки, боици, сликовници за детското катче во клиниката и ќе го направиме поразлично нивното секојдневие. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.