Пребарувај по датум:
2024-07-16

Теренски активности за справување со топлотен бран

Мобилните акипи на Црвениот крст на град Скопје, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за   справување со топлотни бранови, во текот на оваа недела (8-12 јули) ќе бидат на терен. Екипите составени од лекар или парамедик патролираат низ градот Скопје, дистрибуираат вода, се мери притисок на граѓаните кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето.

За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 39 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи и професионално ангажирани лица, поделени во 13 тима, со 3 возила кои на дневна основа ќе патролират низ градот и тоа во периодот од 11:00-16:00 часот.

Тимовите патролираат низ централното градско подрачје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени објекти.

Во пунктот за бездомници во Момин Поток отворен е телефонот  071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Активностите се поддржани од Државна Лотарија

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.