Теренски активности за справување со топлотен бран
Мобилните акипи на Црвениот крст на град Скопје, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во текот на оваа недела (8-12 јули) ќе бидат на терен. Екипите составени од лекар или парамедик патролираат низ градот Скопје, дистрибуираат вода, се мери притисок на граѓаните кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето.
За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 39 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи и професионално ангажирани лица, поделени во 13 тима, со 3 возила кои на дневна основа ќе патролират низ градот и тоа во периодот од 11:00-16:00 часот.
Тимовите патролираат низ централното градско подрачје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени објекти.
Во пунктот за бездомници во Момин Поток отворен е телефонот 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.
Активностите се поддржани од Државна Лотарија