Пребарувај по датум:
2018-06-23

Телемарк Црвен крст, Норвешка

Телемарк Црвен крст, Норвешка

Твининг проект

Црвен крст на град Скопје – Телемарк Црвен крст, Норвешка

Меѓународна конференција замиграции и научени лекции од мигрантската криза

10 члена делегација од Телемарк Црвен крст- Норвешка, во периодот од 8-10 јуни, беше во посета на Црвен крст на град Скопје, како дел од активностите во рамки на Твининг проектот кој се реализира помеѓу двете организации. Во текот на посетата реализирана беше средба со секретарот и службата во организацијата во текот на која се презентираа активностите и идните предизвици за двете организации, а посетени беа и дневниот центар за стари лица и дневниот центар за дарување крв во ДХО Даре Џамбаз. Организирана беше и посета на привремениот транзитен камп за мигранти Гевгелија, каде директно се запознаа со работата на мобилните тимови и функционирањето на овој камп.

На 9 јуни, заедно со претставници од Национални друштва на Црвен крст од Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора, соработници од УНХЦР, НВО сектор, владини институции и Министерства како и претставници од Црвен крст на РМ и Црвен крст на Град Скопје, гостите од ЦК Телемарк, Норвешка беа дел од Меѓународната конференција за миграции и научени лекции од мигрантската криза, чиј домаќин беше Црвен крст на град Скопје. Преку споделување на досегашни активности на ова поле, научени лекции и емотивни приказни на мигранти- денес дел од движењето на Црвен крст, донесени беа повеќе заклучоци и препораки за идни кризни состојби. Плодните дискусии и споделените искуства мотивираат за идни активности од ваков карактер со цел полесно справување со мигрантски движења, соодветен хуманитарен одговор, како и олеснување на страдањата на лицата кои мигрираат.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.