2018-03-13
Театар во визба – хуманитарен мјузикл
Волонтерите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје организираа хуманитарен мјузикл под наслов Театар во визба по сценарио и режија на Снежана Конеска Руси кој се одигра на сцената на факултетот за драмски уметности – Скопје.
Посетеноста беше доста голема , а присутните уживаа во изведбата.
Со собраните парични средства се купија мали подароци за 8 ми март – Денот на жената , а во соработка со здружението Животна искра и Рамстор Мол традиционално и оваа година ја посетивме клиниката за онкологија и ги подаривме на пациентките во знак на внимание и поддршка.