Пребарувај по датум:
2018-11-14

“Театар во визба”

Младите од Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје блеснаа на 02 Ноември во изведна на претставата “ Театар во визба” под диригентската палка на Снежана Конеска Руси. Шармантни, полни со енергија и ентузијазам ја покажаа другата страна на важноста на волонтирање и себепронаоѓањето. На дел од нив ова не им е прва претстава, но сите, без исклучок, застанаа прв пат на театарските штици преку програмите кои ги нуди Црвениот крст. Претесна беше малата сцена на МНТ за сите родители, пријатели и поддржувачи на младинците. Но, сите хуманисти бидејќи средствата собрани од оваа претстава се наменети за поставување на рампа за лица кои се во колички, токму во малата сцена во МНТ. Некои од претстави кои ги реализираат овие младинци се изведуваат со нивните другари, лицата со посебни потреби. За сите оние кои ја пропуштија ова прекрасна претстава, ќе има уште една реприза.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.