2011-09-17
Светскиот ден на Првата помош
Црвен крст на град Скопје на 14 септември (среда) во Трговскиот центар Рамстор го одбележa Светскиот ден на Првата помош.
Повторно ги потсетиме граѓаните за важноста на Првата помош како во домашни услови така и на улица, бидејќи Првата помош спасува живот.
Во период од 12:00 до 14:00 часот на подот во Рамстор беше поставена налепница, фигура на човек, во природна големина која изгледа како повредена и падната на подот.
Околу налепницата, екипата за прва помош која зема учество на натпреварот на главните градови во Букурешт, укажуваше прва помош и им објаснуваше на ѓраѓаните основи на првата помош.
Се делеа флаери и се разговараше со граѓаните.
Налепницата ќе остане во Рамстор нареден период како потсетување за важноста на Првата помош.