Пребарувај по датум:
2019-10-10

Светскиот ден на бездомништвото 10 Октомври

По повод светскиот ден на бездомништвото 10 Октомври, во пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје лоциран во Момин Поток, пригодно се одбележи денот со ручек и им бea доделени дополнителни пакети со блузони, кабанаци и хигиенски артикли на бездомните лица.  На настанот им  беа доделени и благодарници на нашите поддржувачи Пекабеско и LL Ketering кои го поддржуваат работењето на пунктот во делот на обезбедување на храна во изминатиот период.

Пунктот за бездомници функционира повеќе од 10 година и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Во базата на Црвениот крст регистрирани се повеќе од 150 бездомни лица.

Работењето на Пунктот за бездомници финансиски е поддржано од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.