Светскиот ден на бегалците
На 20 Јуни во организација на Црвен крст на град Скопје, под мотото #WithRefugees беа реализирани повеќе активности во Зоолошка градина – Скопје,ТЦ Табановце – Куманово и ТЦ Винојуг – Гевгелија, Плоштад Македонија – Скопје и 10 општински организации на ЦК на РМ.
Зоолошката градина ја посетија 82 бегалци од косовската криза, мигранти од ПЦ Визбегово и Сигурна куќа кои беа воодушевени од посетата.
На настанот во Центарот за дизајн и иновации – Јавна соба – Скопје, се вкчлучија 25 бегалци од Косовската криза заедно во придружба со вработените од Црвен крст.
На Плоштад Македонија беше реализирана дистрибуција на флаери со кратки пораки за човечките судбини на мигрантите, со цел подигнување на свеста кај локалното население за животните судбини на мигрантите, од страна на 8 волонтери од клубот на млади при Црвен крст на град Скопје. Истата активност беше спроведена во 10 ООЦК на РМ и тоа – Тетово, Куманово, Кичево, Кочани, Виница, Битола, Гевгелија, Охрид, Велес и Неготино.
Во двата кампа беа организирани изведби на две групи по тројца изведувачи – кловнови, маскоти и шминкери со цел анимирање и забавување на дечињата коишто престојуваат во двата кампа. Истиот ден беа дистрибуирани маички со слоганот – I stand for refugees, Would you stand for refugees – за сите мигранти коишто престојуваат во камповите како и за стручните служби кои работат во камповите.