Пребарувај по датум:
2016-06-06

Светски ден на згрижувачи

Црвен крст на град Скопје во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје со поддршка на Комерцијална банка имплементира годишна програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства.

Како дел од овие активности е и одбележување на 01 јуни светскиот ден на згрижувачи кој оваа година традиционално го одбележивме пред спомен куќата на мајка Тереза со голем хепенинг и дружење со децата, згрижувачите и волонтерите на Црвен крст на град Скопје. 
На истото место беа поставени тенди на кои се осмисли програма со Кристијан магионичарот во кои интерактивно се вклучија децата, а се забавуваа и со изведувачи на детски песнички од Златно славејче. Исто така и самите згржувачи проговорија односно го споделија личното искуство и ги поттикнаа останатите граѓани да ја прифатат оваа форма. Се реализираше и ликовна работилница со ликовен уметник и педагог, а Живко Поповски Цветин за секој згрижувач изработуваше цвеќиња на хуманоста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.