СВЕТСКИ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА
Црвен крст на град Скопје, Светскиот ден на старите лица 1ви октомври, ќе го одбележи преку социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст ќе се организираат работилници за т.н. Рано закрепнување од КОВИД-19 за даватели на услуги на стари лица. Имено, повеќе од 100 лица, професионалци и волонтери на Црвениот крст ќе бидат обучени како да пружаат поддршка за лица во трето доба во време и по завршување на пандемија од КОВИД-19. Работилниците ќе се организираат во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија и во Центарот за едукација Солферино, Струга. Истите ќе бидат водени од страна на обучни психотерапевти.
Оваа активност е дел од повеќе активности кои се поддржани од страна на Швајцарскиот Црвен крст, а во насока на рано закрепнување од КОВИД-19 и тоа:
- Индивидулани психотерапии за стари лица;
- Групни психотерапии и сесии за психолошка помош на групи лица во трето доба;
- Тренинг за обука на нова помагатели на стари лица;
- Делење на бесплатана медикаментозна терапија;
- Едукации за хигиена и поддржување на истата;
- Работни терапии т.е. креативни работилници за стари лица со социјален работник;
- Регрутирање на волонтери во трето дова во Водич во болница и
- Едукативно видео за самопомош во домашни услови во време на изолација.