Светски ден на бездомништвото
Одбележувајќи го 10 октомври, Светскиот ден на бездомништвото, ТАВ Македонија донираше 160 оброци -свежо подготвена храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток, којшто функционира во рамките на Црвен крст на град Скопје.
Волонтери-вработени на Меѓународниот Аеродром Скопје заедно со генералниот директор на ТАВ Македонијa и заменик генералниот директор за операции, помогнаа во подготовка и пакување на 160 готвени оброци коишто беа подготвени од страна на БТА, сестринската компанија на ТАВ Македонија одговорна за храна и пијалаци на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Во Пунктот, бездомните лица одржуваат хигиена, се реализираат лекарски преглед и препишување терапија, добиваат оброци, поддршка од страна на социјален работник и психолог, секако поддржани од поединци и компании, со што се придонесува за нивна успешна реинтеграција во заедницата.
Благодараност за донацијата добиена од општествено одговорната компанија која останува посветена на социјалните прашања, правичноста и инклузивноста, со стремеж да се подобрат животите на загрозените лица и да поттикне поправедно и сочувствително општество
Светскиот ден на бездомништвото се одбележува на глобално ниво за да се подигне свеста за прашањето на бездомниците и да се поттикне потребата од колективно дејствување за решавање на ова сериозно прашање.