2014-06-22
Светски ден на бегалците – 20 Јуни
Црвениот крст на град Скопје, во соработка и поддршка на УНХЦР под мотото Сите сме под исто небо, го одбележа Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни.
Настанот се одржа во Веро центар, со изведба на flash mob и диструбуција на промотивен материјал и балони. На настанот учествуваа 40 млади лица, со цел поткревање на јавната свест за оваа ранлива група, која навистина има потреба од помош и поддршка, гледајќи го Црвениот крст како безрезервен пријател, кој несебично помага во остварување на човековите права и задоволување на секојдневните потреби.