Пребарувај по датум:
2008-05-29

СВЕТЛИНА 2008

Министерството за одбрана на Република Македонија во Криволак од 18 до 23 мај 2008 год организираше Меѓународна вежба за Помош во катастрофа и Хуманитарна помош на кој учествуваа и 0д Филозовскиот факултет -отсек одбрана и заштита и Indian river community coleuge-Florida како и дел од Единицата за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Македонија.

Поточно, еден тим во состав 2 од медицинскиот тим и 2 од тимот за логистика на ЕОК со возило, шатори и комплет медицинска опрема. 
Во текот на тие неколку дена се симулираа ситуации како раселување на население, земјотреси и хемиски хаварии. Се вежбаше подигање на шатори, активирање на служба барање, размена на затвореници, транспорт на население преку брзи води, укажување на прва помош на болни и повредени.
Членовите на ЕОК наа ЦКРМ кои учествуваа во вежбата СВЕТЛИНА – 08 и овој пат ја докажаа својата спремност, дисциплинираност, ефикасност и стручност при реализирање на поставените задачи.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.