Пребарувај по датум:
2015-03-23

Свечено собрание на Црвен крст на град Скопје

Црвен крст на град Скопје на 19 март го одржа своето редовно извештајно собрание.

Овој пат настанот се одржа во Музејот на град Скопје и на настанот присуствуваа околу  стотина гости, поддржувачи, пријатели, секретари од Општинските Организации на Црвениот крст на територија на градот Скопје, делегати во собранието, волонтери и професионалци. На собранието се презентираше се она што беше сработено во текот на 2014 година преку индикатори за секој одел и за секој тим. На ова свечено собрание беа доделени и благодарници за оддредени институции и компании и волонтери. Еден од наградените беше и Александар Јованов за својот ангажман во Дневниот центар за стари лица, Лидија Јеремиќ за својата поддршка на активности во Дневниот центар за стари лица, Др. Саша Ќаева исто така за поддршка во Дневниот центар за стари лица, Завод за социјални дејности, Атлантик Комерц, Золошка градина Скопје, Price Waterhouse Coopers, Винстеон Електроникс, Македонија Турист, Адвокатска канцеларија Карановиќ-Николиќ, Големиот приоритат на Темпларите на Македонија,  како и рестораните кои ни дадоа поддршка за време на студениот бран Скопски мерак, гостилница Капка, ресторан Дада, Клуб ресторан Рагуза, гостилница Дукати, ресторан Стара куќа.

На настанот беа доделени и две јубилејни значки по повод 70 години од Црвен крст на Р.Макдонија на г-ѓа Анита Даева и магазинот Лице в Лице за нивната континуирана поддршка во хуманитарните активности на Црвениот крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.