Пребарувај по датум:
2017-10-16

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЦРВЕН КРСТ НИНБЕРГ

Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Нинберг имаат меѓусебна заедничка соработка во изминатите години. Оваа соработка во 2017та година продуцираше студиски посети во Нинберг и Скопје во рамките на проектот/социјалeн сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Делгација во состав од четири лица од Црвен крст Нинберг беа гости во периодот од 01-04.10.2017 година и имаа можност да учестуваат во одбележувањето на Светскиот ден на старите лица и да се инволвираат во активностите на проектот за стари лица. Во соработка со стручната служба на ЦКГС се реализираа посети во домашни услови, посети на дневните центри за стари лица и средба со претставници на Град Скопје. На средбата беа разгледани идните можни заеднички активности за следните две години.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.