Стручност и професионалност на ЕОК по повод верскиот празник Водици
По повод верскиот празник Водици, 30 волонтери од тимовите за спасување на вода, спасување на планина, вода и санитација,
медицинскиот тим како и тимот за логистика на ЦКРМ земаа активна улога во обезбедувањето на соодветни услови за реализација на актиностите во склоп на манифестацијата.
Оваа година по крстот скокнаа 170 верници за чива безбедност од страна на ЦКРМ беа поставени два шатора со јарбол на Црвен крст, спасителите на вода спуштија чамец во Вардар И организирано ја следеа сигирноста на учесниците, додека на брегот по течението на реката на 10 места беа поставиени кругови и топки за извлекување на учесниците. Според организационата предвиденост, планинарите од едната страна до другата страна на Вардар поставија јаже обележано со пловки кои придонесоа за полесно извлекување на учесниците.
Благодарение на оспособеноста и крајно сериозниот однос на спасителите на вода, со брзиот чамец беа спасени 6 учесници од кој 3 давеници и беа соодветно предадени на медицинскиот тим за понатамошен третман. Брзата вода ги повлече поголемиот дел од учесниците на манифестацијата и благодарение на спремноста на спасителите и останатите членови на ЕОК, со помош на специјалните кругови и топки, од водата беа извлечени голем број на учесници.
Поголем дел од нив спасот го најдоа во јажето кое беше поставено преку Вардар, на кое успеаа да се задржат и потоа брзо да бидат извлечени од страна на спасителите на единицата. Медицинскиот тим, кој беше задолжен за згрижување на давениците, наидоа на санација на голем број на исекотини кај учесниците, како и повратување од шок состојба предизвикана од студот.
И оваа година , како и досега членовите на ЕОК на ЦКРМ ја покажаа својата стручност, професионалност и дисциплинирано ја извршија задачата. Ова претставува уште една одлично завршена акција бидејќи не дозволивме верскиот празник Водици да се претвори во трагедија