Пребарувај по датум:
2025-08-29

Стрес и негово менаџирање

Во просториите на Црвен крст на град Скопје, преку Одделот за млади, се одржа едукативна сесија на тема „Стрес и негово менаџирање“, под водство на Сергеј Маринковски – врснички едукатор по ментално здравје.

На сесијата се дискутираше за тоа што претставува стресот, како влијае врз телото и умот, и кои техники можеме да ги користиме за негово управување. Учесниците имаа можност да споделат лични искуства, да научат практични техники за релаксација и да ја согледаат важноста на психолошката поддршка во секојдневието.

Порака од денот:

„Стресот е дел од животот, но ние одлучуваме како ќе реагираме.“

Голема благодарност до сите што беа дел од оваа активност. Продолжуваме заедно да градиме поздрави и посреќни заедници.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.