Пребарувај по датум:
2022-06-07

Стоматолошки услуги за ранливи категории корисници

Поддршка за лицата од Украина

По потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија- Црвен крст на град Скопје и Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје- Стоматолошки факултет, во периодот март-мај 2022 година, се реализираат бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници. Во оваа фаза, од базата на корисници на Црвен крст на град Скопје, селектирани  беа 195 лица во трето доба кои ги користеа услугите.

Согласно податоците, реализирани се над 640 интервенции, 245 интервенции од областа на болести на устата и пародонтот, 266 интервенции од областа на болести на забите и ендодонтот, 130 интервенции од областа на оралната хирургија, а изработенио беа и 2  мобилни протетски надоместоци.

Бесплатните прегледи/интервенции се реализираат од страна на студентите на факултетот, за време на практичната настава, а под наздор на наставниот кадар.

Со наредниот студентски циклус, факултетот ќе ја продолжи соработката со Црвен крст на град Скопје преку континуираната поддршка на ранливите корисници, со цел навремена превенција од стоматолошки заболувања, подигнување на јавната свест во насока на грижа за оралното здравје и навремено идентификување и намалување на ранливоста на лицата- корисници на услугите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.