Пребарувај по датум:
2013-04-03

СТАРИТЕ ЛИЦА УЧЕА КАКО ДА ОДГОВОРАТ ПРИ КАТАСТРОФИ

Во дневниот центар за стари лица, во Даре Џамбаз, на 19ти март се одржа предавање на тема: Одговор при катастрофи.

Предавањето го одржа Али Самет, од ЦКРМ, а корисниците имаа можност да добијат практична и корисна едукација, што треба да знаат при катастрофи и како да се снајдат во тие тешки и критични, кризни ситуации, како да се заштитат себе си, најблиските  и луѓето во нивната  околина.

Лицата во трета доба се добри преносители на информации, стекнатото знаење сигурно ќе го раскажат на лицата во нивната непосредна близина, во нивното маало помеѓу пријателите низ пензионерска дружба.

За корисниците на Девниот цнетар во текот на месец април ќе се подготовува, а во месец мај реализира симулација на евакуација при случај на катастрофа.  

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.