Стани црвен за еден поинаков месец на љубовта
Црвен крст на град Скопје традиционално ја продолжи соработката со ZAN MITREV CLINIC и со низа активности се вклучи во одбележувањето на Неделата на борба против срцево садови заболувања од 21-28.02.2018 година.
Главна цел на активностите е подигнување на свеста кај пошироката популација за ризиците кои ги носат срцево садовите заболувања, но и превенирање од истите преку здрави животни навики.
Оваа година под мотото Стани Црвен за еден поинаков месец на љубовта , а во рамките на неделата се организираше тричасовна работилница во клиниката на која присуствуваа волонтерите од Клуб на млади . Преу интересни теми Ом-ном-ном-номика: персонализирано здравје и исхрана преку геномика, Најсилните срца имаат најмногу лузни – грижи се за себе!и Движи се право движи се здраво по црвената патека младите имаа можност да добијат информации но и корисни совети за своето здравје и здрави навики. Исто така традиционално се организираше и посета на три семејства чиј член има извршено интервенција во клиниката Жан Митрев за кои Црвен крст на град Скопје донираше пакети со храна и хигиена, а во тек се и бесплатните прегледи за 10 деца кај има потреба од дополнителни лекарски консултации.