Пребарувај по датум:
2022-07-22

Справување со топлотниот бран

Од 21 до 28 јули, секој работен ден од 11.00 до 16.00 ч., 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари…). Преку директен контакт со населението, ќе се дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, совети за консумирање и приготвување храна и препораки за консумирање вода. Тимовите ќе поделат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе вршат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.

Во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани,  во пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон  071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Активностите на ова поле се поддржани од Град Скопје

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.