Споделување на искуства
На 8 април, на Американ Колеџ се одржа дисеминациска сесија наменета за 15 студенти, со цел запознавање со мисијата, вредностите и активностите на Црвениот крст.
Во првиот дел од сесијата беа опфатени клучни теми поврзани со историјатот на организацијата, Женевските конвенции, значењето на амблемот, како и основните принципи и тековните активности на Црвениот крст. Овој дел беше успешно реализиран
од страна на Александра Ристовска од Црвен крст на град Скопје, која на јасен и интерактивен начин им ги доближи овие важни аспекти на студентите.
Вториот дел од сесијата беше посветен на меѓународното искуство и беше одржан од страна на Херби Елмази. Тој има повеќе од 20 години искуство како делегат на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, работејќи во повеќе земји, меѓу кои Русија,
Грузија, Молдавија, Азербејџан, Украина, Таџикистан, Узбекистан, Киргистан, Либија и Сирија. Преку своето излагање, тој им пренесе на студентите драгоцени професионални сознанија, збогатени со лични приказни исполнети со предизвици, комплексни ситуации и хуманитарни
мисии во различни делови од светот.
Сесијата беше проследена со голем интерес од страна на студентите, кои активно учествуваа со прашања и дискусии, покажувајќи искрена заинтересираност за темата и за улогата на Црвениот крст во современото општество.

