2025-12-10
Сподели радост
Вработените од хотел „Мериот“ споделија искрена радост со корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“ и нивните родители. Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со многу љубов, насмевки и празничен дух, учесниците заедно изработуваа тематски колачиња.
Голема благодарност до хотел „Мериот“ и целиот нивен тим за грижата, посветеноста и поддршката кон оваа целна група, но и за сите активности на Црвен крст на град Скопје.
Ваквите моменти носат искрена радост и нè потсетуваат колку е важна социјалната инклузија за сите нас.
