2022-12-21
Сподели радост
Вработените од хотел Мериот организираа предновогодишна кулинарска работилница за корисниците од дневниот центар за интелектуална попреченост над 18 години Пролет и дневниот центар за церебрална парализа Капиштец. Во пријатна и весела атмосфера со волонтерите на Црвен крст на град Скопје украсуваа колачиња и уживаа во заедничкото дружење.
Голема благодарност до хотел Мериот што секогаш даваат поддршка во реализација на активностите на Црвен крст на град Скопје , а со голема љубов и внимание се приклучуваат кон секоја иницијатива наменета за социјална инклузија на лицата со попреченост.