Состанок со поддржувачи и донатори
Состанок со поддржувачи и донатори на програмата за нега на стари и немоќни лица
На ден 18.04.2018, во 11:30 часот во просториите на Црвен крст на Република Македонија беше одржан состанок со соработниците, донаторите и поддржувачите на програмата за обуки за негувател/ки на стари и немоќни лица.
На состанокот беше претставена програмата и динамиката на обуката за новите 16 негуватели на стари и немоќни лица, која се очекува да заврши на почетокот на јули.
Свое излагање имаше Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, како и претставник на Шпаркасе банка, кои се поддржувачи на програмата.
Овој состанок го претставува новиот почеток на уште едно обука за нега на стари и немоќни лица од која очекуваме позитивни искуства, нови пријателства и квалитетна едукација.