2021-08-10
СОС Телефонска линија за вашите прашања поврзани со вакцинација
На 071/224-683 секој работен ден од 11-15ч можете да разговарате со доктор од Црвен крст на град Скопје и да се информирате за процесот на вакцинација.
Вашите дилеми и прашања поставете ги тука. Да бидете информирани е Ваше право. Линијата функционира од месец април и е поддржана од Швајцарскиот Црвен крст.
Оваа активност е дел од проектните активности на Црвен крст на град Скопје за поддршка на процесот на вакцинација.