2020-05-14
Соработката продолжува
Општина Центар постави билборди во централното градско подрачје со лица кои претставуваат организации и институции кои дадоа силна поддршка на граѓаните за време на Ковид-19. Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје во изминатите два месеци функционираа со десет мобилни тимови кои даваа поддршка на граѓаните.
Продолжува нашата соработка со Општината Центар и со останатите локалните самоуправи со цел намалување на човечкото страдање и градење на силни механизми за намалување на последиците од хуманитарните предизвици.