Соработка со СЕПУГС “ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН” на ЕРАЗМУС проекти на тема миграции
Црвен крст на град Скопје и СЕПУГС Васил Антевски Дрен кои се дел од ЕРАЗМУС проект реализираа успешна соработка на полето на миграции.
Имено, во рамките на проектот на училиштето за иновативни форми во образованието како извор за успешна итнеграција, се оддржа презентација за активностите на Црвен крст во РСМ на полето миграции. Презентацијата ги опфати сите мигрантски кризи и одговорот кој е даден од страна на Црвен крст во РСМ како и актуелните хуманитарни асистенции и активности за итнеграција кои ги работи тимот на Црвен крст на град Скопје.
На презентацијата присуствуваа претставници од училишта во Полска, Романија, Италија и Турција. На средбата се дискутираат и момтенлните искуства со кои се соочуваат државите и образованието во овие земји со лица кои пристугнуваат од Украина.