Соработка со Руски Црвен крст на летна школа за мигарции
Во периодот 22-25ти август Црвен крст на Санкт Петерсбур, Русија организираше Летна Школа за Миграции на која учество земаа околу 40 млади слектирани од повеќе универзитети од Руската Федерација. Катерина Гиевска од Црвен крст на град Скопје-Црвен крст на РСМ, координарот за интеграција и адвокативност, ги презентираше достигнувањата и активностите на нашето Национално Друштво на полето на миграции односно асистенција и поддршка на мигранти.
Интерактивната сесија резултираше со низа прашања и интерес од страна на учесниците за работата на Црвен крст. Активноста е поддржана од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и ветува идна унапредена билатерална соработка помеѓу двете Национални Друштва осоебно во делот на размена на учесници и волонтери за едукација на полето на миграции.